ВМРО-ДПМНЕ: СДС е пример за политичка комедија
СДС е пример за политичка комедија. СДС луташе кога требаше да се работи Коридор 8 барајќи само начини како да стават пари во џеб, ВМРО-ДПМНЕ гледа како да реализира проекти, а не да ги краде граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За време на СДС, секој ден беше нова епизода од ,,Скандал во Македонија“. Време е СДС да прифати дека нивната ера заврши.
ВМРО-ДПМНЕ, не се потпира на наследството од претходната власт, кое беше повеќе за хумористични шоуа – најдобар пример за тоа е Венко Филипче.
СДС треба да престане да ги рециклира истите соопштенија како фиока со истрошени сценарија. Се чини дека освен одговори, им треба и мапа да сфатат дека нивната улога во првите редови на политичката сцена е завршена.
СДС ги погазија ветувањата, а време е да ги погазат и сценаријата.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на последната седница за пратенички прашања, даде одговор на сите дилеми.
За СДС пратенички прашања се и непозната појава. Нивните одлуки во минатото поминуваа без транспарентност, отчетност, и вон фокусот на јавноста.
ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата која граѓаните му ја дадоа на 8 мај, а реформите веќе
СДС треба да се навикне на новата реалност, во политичката игра, местото за подучување е резервирано за победници“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа