Хорор во Германија: 7-годишно девојче избодено до смрт од својата сестра

 

Тринаесетгодишно девојче од германскиот град Лајпциг ја избоде до смрт својата седумгодишна сестра.

Според локалните медиуми, полицијата добила повик синоќа, а се сомнева дека девојката ја избодела својата помала сестра, која во болница им подлегнала на повредите.

Тринаесетгодишното девојче било пренесено во специјализирана болница, а полицијата не сакала да соопшти повеќе детали, пренесува „oe24.at“.

Германските медиуми нагласуваат дека се уште ништо не се знае за мотивот на страшната трагедија, но познато е дека родителите биле во друга соба и спиеле во моментот на грозоморниот настан.

Полицијата сподели само неколку детали за случајот, со оглед на тоа дека се работи за две малолетни девојчиња.

Тие изјавија дека ќе дадат поддршка на сите погодени од оваа трагедија, нагласувајќи дека ова е семејна трагедија. Тие исто така апелираа до јавноста да ја почитува приватноста на семејството додека трае истрагата.

26.10.2024 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега