Две лица повредени во сообраќајка во Козле

 

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи во близина на бензинската пумпа на Макпетрол во Козле, потврдија од МВР за Инфомакс.

– На 25.10.2024 во 14.28 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода на ул.Козле со ул.Леринска помеѓу патничко возило “ Фиат “ управувано од И.К. (74) и патничко возило “Даеву” управувано од М.Ј.(71). Со повреди се здобиле возачите, но и С.Б., сопатничка во возилот “фиат”, како и Т.Т. (пешак-жена). Повредените се пренесени во КЦ Мајка Тереза и ГОБ 8-ми Септември . Во тек е увид. – соопштија од МВР.

25.10.2024 - 20:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега