Дрон ја погоди вилата на Нетанјаху, Хезболах презеде одговорност
Објавена фотографија од штетата предизвикана од нападот со дрон врз вилата на Нетанјаху Воената служба за надзор на јавни информации ги овласти израелските медиуми да објават фотографија од штетата на вилата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја предизвикана од беспилотно летало што Хезболах го лансираше во саботата од Либан.
Фотографијата, која претходно беше забранета за објавување од страна на воените цензури, го покажува целосниот обем на штетата предизвикана од дронот на станбена зграда во Цезареја – пишува „Тајмс оф Израел“.
Од експлозијата пукнало стаклото во прозорецот од спалната соба, но дронот не го пробил стаклото и не влетал во куќата, очигледно поради армирани прозорци и други заштити. Немаше повредени, а Нетанјаху и неговата сопруга во тој момент не биле дома. Во таа прилика, израелскиот премиер изјави дека „агентите на Иран“ кои се обиделе да го убијат него и неговата сопруга „направиле голема грешка“ и додаде дека овој напад нема да го спречи да ја продолжи војната и дека секој што ќе им наштети на Израелците ќе плати висока цена.
Претходно денеска, портпаролот на Хезболах објави дека милитантната група ја презема целосната и ексклузивна одговорност за нападот врз резиденцијата на израелскиот премиер Нетанјаху – пренесе „Ројтерс“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа