УЈП со апел до даночните обврзници да се приспособат за електронско пријавување на даноци

 

Согласно Предлог-измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка, сите даночни обврзници ќе мораат да ги достават даночниот биланс и извештаи пропишани со Законот за персонален данок на доход по електронски пат до Управата за јавни приходи. 

Од Управата за јавни приходи упатија апел до сите нив да се приспособат и да ги искористат придобивките од електронската комуникација како и поднесувањето на даночни пријави и други обрасци до УЈП преку системот за е-Даноци.

Постапката на регистрација кон новиот систем на е-Даноци се врши преку веб страницата https://etax-fl.ujp.gov.mk/. За успешна регистрација и користење на е-Даноци потребно е даночниот обврзник да има дигитален сертификат зачуван на сигурносен уред токен (издаден од овластена куќа: Македонски Телеком или КИБС), Интернет и електронска пошта пријавена во Централен регистар на РМ.

Електронските даночни услуги, овозможува намалување на времето и трошоците потребни за поднесување даночни формулари,  постојан увид за состојбата на даночните плаќања и долговите евидентирани во УЈП, да ги запазат законските рокови за пријавување данок преку користење на електронскиот систем кој ви е на располагање он-лине 24/7.

Од УЈП наведуваат дека електронските даночни услуги овозможуваат висок степен на безбедност и сигурност на личните и деловните податоци на даночниот обврзник.

24.12.2013 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега