Мајката на Вања не го известила таткото дека Вања тој ден сама ќе оди на училиште

 


Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања на денешното сведочење беше прашана дали таткото на Вања бил информиран дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште.

Ѓорчевска одговори дека таа не го известила. 

-Од мене не, меѓутоа децата веројатно го известиле бидејќи се интересираше, а и помалата ќерка тврдеше дека таа му соопштила дека утре ќе почне од втор час, рече таа.

Во потрагата по Вања, како што рече во сведочењето, биле вклучени нејзините роднини, колеги и полицијата.

14.10.2024 - 15:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега