Мајката на Вања продала стан од 83 илјади евра - па купила нов автомобил
Во врска со продажбата на еден од становите, Зорица Ѓорчевска на денешното сведочење рече дека го продала за 83 илјади евра и со парите од тој стан затворила минуси на картички, купила нов автомобил, дел од парите ги орочила, а со дел реновирала.
Прашана дали знаела во чија сопственост е зградата во која живееле, одговори дека знаела од родителите и од фактот што на влезот од зградата имало табла.
На вкрстени прашања од бранителот на првообвинетиот Љупчо Палевски, адвокат Марјан Витановски, дали ѝ е познато дека сега првообвинетиот имал соработка со нејзиниот татко во купопродажба на станови, таа одговори да.
Во однос на прашањето дали има сознанија за некакви недоразбирања, одговори дека доколку би ги имало, татко ѝ, како што рече, би се повлекол.
Прашана дали може да се посомнева дека можеби имало нешто меѓу првообвинетиот и нејзиниот сопруг, таа одговори дека нема сознанија.
-Немам никакви сознанија затоа што не пратам медиуми, живеам во четири ѕида обидувајќи се да го заштитам детето од вести и од шпекулации, рече таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа