Ѓорчевска: Стоеше сам човек, посматраше, гледаше дали има некој додека го грабаат детето

 


Мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска на денешното сведочење рече дека во потрагата по Вања биле вклучени нејзините роднини, колеги и полицијата.

-Првиот ден се прегледуваа камерите, луѓето сами почнаа да нудат ако има камери дојдете видете. Родителите на другарите на Вања понудија помош. Децата печатеа флаери. Колегите мои, роднини мои, Сашко одеше со полицијата прегледуваше камери. На ниедна камера ја немаше. Анализиравме, одевме во полиција, ништо не беше јасно. Ги гледавме снимките на мојот компјутер. Јас тој ден бев окупирана со телефонските повици бидејќи на секои две минути ми ѕвонеа луѓе, дел само прашуваа што се случува, новинари контактираа. Беше хаотичен период каде што јас разговарав и со полицијата, рече.

Како што дополни, во прегледувањето на камерите им помагал и пријател на Александар.

-Сашко ги гледаше камерите и не знам дали дента или другиот ден се појави Гоце кој што дојде да му помогне на Сашко и заедно во мојата соба на компјутерот ги гледа камерите и од време на време ќе нѐ викнеа за совет што гледаш тука, рече таа.

Дополнувајќи дека не се знае со Гоце, но знае за кого станува збор.

-Не знам кој ден беше обезбедиле снимка на која што се гледа возило како стои сам човек посматра и после пет шест минути застанува возило со затемнети стакла, влегува во возилото и заминува. Теоријата беше дека ова е извидница, гледаат дали има некој додека го грабаат детето. Реакцијата моја и на моите роднини беше не е тоа ќерка на Кенеди, што имаме ние па од нас да бараат, рече таа.

14.10.2024 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега