Територијата на Македонија, под влијание на Антициклон

 

Новата седмица која е пред нас, односно во периодот од 14 Октомври, па се до 21 Октомври, територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), со центар над источна Европа. Во ваква ситуација кај нас ќе продолжи стабилното, суво и релативно топло време преку ден, додека наутро ќе биде постудено, а од средината на седмицата во утринските часови по котлините и речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, најавува Метео аларм.

Како што може да се види на Метеоролошката карта, недостаток на врнежи, односно сушен период ќе има над целата територија на Балканскиот Полуостров.

Што се однесува до температурите, до средината на седмицата тие ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени, а потоа ќе бележат тенденција на пад, па така веќе наутро понекаде тие ќе се спуштаат до околу, па и за некој степен под нулата, особено во Беровскиот регион, како и на повисоките населени места и на планините.

13.10.2024 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега