Прегазен малолетник во Гостивар - итно пренесен во болница

 


Вчера во 08.20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар - с.Градец, во с.Врапчиште, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Ќ.(42) од гостиварско Здуње, удрил во малолетен пешак.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

10.10.2024 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега