ВМРО-ДПМНЕ: Кога Бранко ќе згрми Заев се постројува

 

„Денешната прес конференција на СДСМ е по налог на Бранко Црвенковски и е класичен пример како Зоран Заев, кога ќе згрми Бранко Црвенковски, се постројува и го повторува тоа што тој го велеше на овој ден лани“, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Зоран Заев по повод 24 декември.

„Оваа прес конференција освен што покажува под каква контрола е Зоран Заев, исто така покажува и колку некогаш човековата природа знае да забега, потценувајќи го граѓаните и ветувајќи им брда и долини. Недостасуваше на крај Заев уште да каже дека, ако тој и СДСМ дојдат на власт во Македонија нема да има несреќен човек и просечниот животен век, ако дојде СДСМ на власт ќе биде 250 години и се ќе биде зеленскасто и розово во државата Македонија, во која нема да има ниту еден проблем.  Денешната изјава на Заев ја оценуваме како трагична и жална и тотално надвор од реалноста“, реагира владејачката партија.

Заев и неговите сопартијци од пред Собранието порачаа дека нема да дозволат уште еден 24 декември. 

 

 

24.12.2013 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега