Семејните насилства излегуваат од контрола: Си го натепал внучето во дворот

 


Четириесет и осумгодишник од неготинско село бил приведен за напад врз малолетниот внук, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Вчера во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода С.К., постапувајќи по претходна пријава, дека во дворот од семејната куќа, физички го нападнал неговиот малолетен внук. С.К. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се појаснува во соопштението на СВР - Велес. 

07.10.2024 - 16:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега