Дедо Мраз секој миг би требало да тргне од Северниот Пол
Американскиот NORAD (North American Aerospace Defense Command) и оваа година има вистинско изненадување за децата, но и за многу возрасни кои уживаат во духот на празниците.
По пат на Фејсбук, Твитер, но и по телефонски пат, можете да следите каде во кој момент се наоѓа Дедо Мраз. Секако, патот на Дедо Мраз може да се следи и по пат на мобилни апликации, а тргнува од Јужен Пацифик, Австралија, Нов Зеланд, преку Азија, Европа и Африка за своето патување да го заврши во Јужна и Северна Америка.
Како почна сето ова? Всушност. во 1955 година еден локален весник во Колорадо направи типфелер во оглас, со кој децата ги повикувале телефонски да му се јават на Дедо Мраз. Тој погрешен телефонски број всушност бил бројот на воздухопловната воена база во Колорадо. Кога децата почнале да ѕвонат во воената база, старешините, наместо да ги разочараат, изјавиле дека навистинаат знаат каде се наоѓа најбараниот дедо во светот. И така почнала традицијата.
Само минатата година страницата Норад Санта ја прегледале повеќе од 22,3 милиони луѓе, а волонтерите примиле повеќе од 114.000 повици од целиот свет. Децата најмногу ги интересирале одговорите на следните прашања:
- Дали сум на списокот на добрите или лошите?
- Можете ли да го ставите мојот брат на списокот на лоши?
- Дали сте вие џуџето на Дедо Мраз?
- Колку чини да се посвои еден ирвас на Дедо Мраз?
Според NORAD , Дедо Мраз во моментов се наоѓа во своето село на Северниот Пол и секој миг би требало да појде на пат.
Инспекциската служба на Министерството за земјоделство на Америка (USDA) во понеделникот издаде „дозвола за влез“ на Дедо Мраз со ирвасите на американска територија, а „зелено светло“ даде и Сојузната администрација за цивилно воздухопловство и Северноамериканското воздушно обранбено заповедништо (NORAD), па санките со ирвасите можат да очекуваат мирен и сигурен лет.
- Дозволата за влегување и излегување од американска територија е доделена на Дедо Мраз од Северниот Пол меѓу 18 часот на 24 декември и шест часа на 25 декември, стои во соопштението на USDA, во кое се истакнува дека „имаат воља да направат се, за да му помогнат на Дедо Мраз“.
„Во времето на дарувањето, USDA сака да направи се што е во наша моќ за да му помогне на Дедо Мраз, се вели во соопштението. Таму се појаснува дека ирвасите се изземени од прегледот на инспекциските служби, затоа што на Северниот пол нема болести кои би претставувале опасност за американскиот сточен фонд“. Доволно е Дедо Мраз да потврди дека ирвасите се хранат само со сено, медени срца и колачи.
Министерството го потсети Дедо Мраз да намигне и да им посака Среќен Божик на цариниците и другиот пограничен персонал на северно-американската граница, а за возврат ќе мине без царински преглед и трошоци за инспекција
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа