Застаре и третата затворска казна на Груевски но има уште 20 години за чекање

Груевски има за чекање уште речи си 20 години пред да му застарат сите дела во кои судот го прогласи за виновен.
На 4 октомври истекува рокот по кој и официјално му е застарена пресудата за случајот Тенк за набавката на владиниот Мерцедес.
На Груевски му преостанува да одлежи една и пол година затвор за случајот „Насилство пред Општина Центар“, која му застарува за три години, односно во 2027 година, како и девет години затвор за случајот „Плацови на Водно“, дело кое што му застарува во 2043 година.

Претходно на Груевски му застареа делата во предметите „ТНТ“ и „Траекторија“, а останува обвинет уште во предметите Титаник“ и „Талир

 

01.10.2024 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега