Нападната американската база во Багдад

 


Неколку ракети Какуша беа истрелани ноќеска врз воена база во која се сместени американските сили во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, изјавија за Ројтерс двајца ирачки воени претставници.

Противвоздушната одбрана ги пресретнала ракетите, велат тие.

 

Безбедносни извори рекоа дека првичната истрага покажала дека биле истрелани три ракети, вклучително и една што паднала во близина на згради што ги користат ирачките сили за борба против тероризмот, предизвикувајќи штета и пожар на некои возила.

Според досегашните информации, нема жртви.

Ирак, еден од ретките регионални партнери и на САД и на Иран, е домаќин на 2.500 американски војници. Вооружени групи во Ирак поврзани со Иран постојано ги напаѓаат американските војници на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа, пишува Ројтерс.

01.10.2024 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега