Русија нападна во близина на границата со Романија - има загинати и голем број повредени


Во напад на руско беспилотно летало врз градот Измаил на југот на Украина во близина на границата со Романија, загинаа три лица, а 14 беа повредени, меѓу кои и три деца, објави  регионалното обвинителство на Одеса.

„Терористички напад од големи размери“ во раните утрински часови предизвика неколку пожари, покрај штетата на куќите, изјави регионалниот гувернер на Одеса, Олех Кипер на апликацијата за пораки Телеграм.

Во текот на ноќта рускиот ракетен напад врз централниот град Днепро оштети и индустриски капацитет и предизвика пожар, изјави на Телеграм регионалниот гувернер на Днепропетровск, Сергеј Лисак.

 

Нападите со беспилотни летала и гранатирање на регионот ја оштетија инфраструктурата, рече Лисак, додавајќи дека нема пријавени жртви во нападите.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 24 од 32 беспилотни летала за време на рускиот напад во текот на ноќта. Според соопштението, еден од дроновите влегол во романскиот воздушен простор.

Руските сили употребиле и една балистичка и две крстаречки ракети за време на нападот, додаваат од воздухопловните сили.

27.09.2024 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега