Унгарија: Потстанар ја убил 8-годишната ќерка на газдарицата

 


Во селото Тисарад, Унгарија се случила трагедија која ги потресе сите. Осумгодишната Ребека била брутално убиена од Д.Б. (32), кој живеел како потстанар во куќата на семејството на девојчето, пренесуваат локалните медиуми.

Според полициските информации, Ребека исчезнала во саботата, 22 септември. Нејзината баба пријавила дека девојчето се повредило и дека заедно со пријателот на семејството отишле на лекар, но не се вратиле.

По опсежна потрага, полицијата го пронашла телото на девојчето во шума. Д.Б., кој бил со Ребека во моментот на исчезнувањето, признал дека ја задавил во налет на бес по кавга.

Бабата на Ребека е шокирана и не може да се помири со загубата на внуката. „Имав прекрасен однос со Ребека. Не можам да верувам дека ја нема“, изјавила таа.

Мајката на убиеното девојче е скршена од болка и не може да го преболи загубата. „Мојот живот нема смисла. Не можам да поверувам дека некој може да направи ваков чин“, изјавила таа.

Д.Б. бил познат како мирен човек и сите се изненадени од неговиот брутален чин. Истрагата за овој трагичен настан е во тек.

26.09.2024 - 23:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега