Трамп сепак нема да се сретне со Зеленски

 

Средбата за која многу се зборуваше помеѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски за време на посетата на украинскиот претседател на Америка веројатно нема да се одржи.

Се очекува денеска украинскиот претседател да го претстави својот таканаречен победнички план за војната со Русија, а потоа да оствари билатерални средби со претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.

Трамп минатата недела рече дека најверојатно ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД, но, официјален претставник на кампањата на Трамп вчера за „Политико“ потврди дека средбата не била закажана.

Во неделата, украинскиот претседател посети фабрика за муниција во Скрентон, Пенсилванија, клучна држава за американските избори. Еден ден подоцна, на митинг во Пенсилванија, Трамп го обвини Зеленски дека сака демократската кандидатка Камала Харис да победи на изборите и го опиша како „најголемиот трговец во историјата“.

25.09.2024 - 17:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега