Полицијата ги фати на дело: Велешанец затекнат додека продава дрога на малолетник


Вчера во 20.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Б.(46) и малолетник, двајцата од Велес.

Тие биле затекнати во моментот кога Д.Б. му продавал зелена растителна материја на малолетникот.

Известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

25.09.2024 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега