Расадник после 45 години добива нов лик: Започна изградбата на паркинг и реконструкција на улица


Со големо задоволство можам да истакнам дека решаваме уште еден долгогодишен проблем на мојот народ од овој дел на Кисела Вода, истакна Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.

„Започнуваме со зафат кој беше барање на жителите кои живеат во кулите во Расадник, а бидејќи нивните потреби се мој приоритет - тука сме на терен да го исполниме барањето. Се работи за паркинг на едно од најфрекфентните места во Кисела Вода би рекол, кој беше со големи оштетувања и капацитетот на возила не беше доволен за потребите на сите кои живеат тука. Со ова, даваме значен придонес во решавање на сообраќајниот метеж преку давање на поголем простор за сообраќајот во мирување. Во зафатот кој денес го преземаме целосно опфатена е и реконструкцијата на улицата.

За неколку денови од сега, ќе се вози по нов асфалт и нов проширен паркинг простор, посочи Ѓорѓиевски. 

24.09.2024 - 15:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега