Мицкоски од Брисел: Уморни сме од билатерални пречки

Присуствував на ручекот организиран од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со лидерите на земјите од Западен Балкан, пишува Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи. 

„Во фокусот на агендата беше планот за развој на Европската Унија. Подвлеков дека регионот и државата е уморна од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата и дека мора да се направат поголеми напори за внесување на доверба и кредибилност на целиот процес.

Ја повторив нашата заложба за остварување на стратешката цел членство во Унијата и напредок базиран на реални и одржливи критериуми“ - порача Мицкоски.

19.09.2024 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега