Шајн: Нападот со пејџери бил добро планиран и прецизно изведен
Нападот врз оперативците на Хезболах со помош на пејџери успеа совршено, рече Сима Шајн, поранешен шеф на истражување и анализа на израелската разузнавачка агенција Мосад.
Шајн за „Скај њуз“ изјави дека детонацијата на пејџерот била „комбинација од три елементи, кои функционирале совршено“. Тие елементи, според неа, се „разузнавањето, технологијата и оперативните способности“. „Комбинацијата на тие три фактори ја направи оваа операција успешна“. Таа тврди дека операцијата била „насочена кон оперативци на Хезболах, а не кон цивили“.
„Мислам дека кога ќе го видите големиот број повредени, ќе сфатите дека операцијата била многу прецизна и дека целта била само оперативци на Хезболах, а не цивили. Жал ми е за она што се случи во двата случаја на смрт на деца, но тоа не беше целта“.
Главната причина за нападот беше да се осигури дека голем број членови на Хезболах „нема да може да учествуваат во борбата и ќе бидат зафатени во помагањето на повредените“, додаде таа.
Таа иницира и големо прашање зошто е повреден иранскиот амбасадор. „Се поставува прашањето зошто амбасадорот на една земја е вклучен во мрежата на терористичка организација во Либан“, заклучи таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа