Гутереш повика на „максимална воздржаност“ по експлозиите во Либан

 

Шефот на ОН Антонио Гутереш е „длабоко вознемирен“ од извештаите дека голем број комуникациски уреди експлодирале низ Либан.

– Генералниот секретар ги повикува сите вклучени актери да покажат максимална воздржаност за да се спречи понатамошна ескалација, нагласи неговиот портпарол Стефан Дижарик.

Дижарик, исто така, ги повика страните „да се обврзат повторно да ја имплементираат резолуцијата 1701 на Советот за безбедност“, мислејќи на онаа со која заврши војната меѓу Хезболах и Израел во 2006 година.

18.09.2024 - 19:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега