Готов предлогот за есенската потрошувачка кошничка - следи значително намалување на цените

 

Министерството за економија ги заврши пресметките и на Владата и го достави предлогот за есенската кошничка. Планот е профитните маржи на компаниите да се замрзнат на 10%.
Министерот за економија бели дека очекува предлогот да се најде на идната Владина седница.
Објасни дека ниските цени во рамки на есенската потрошувачка кошничка ќе важат еден месец, а слични кошнички ќе има и за Божиќ и за Рамазан.
Министерот Дурмиши објасни дека од крајот на овој месец стартува и примената на Законот за нефер трговски практики кој дополнително ќе ги намали цените.

18.09.2024 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега