Напад во Кочани: Три лица оштетиле возило и нападнале жена


Вчера во Полициската станица Кочани, Б.С. од Кочани пријавил дека околу 18.10 часот, Б.Ѓ., М.Н. и уште едно лице, дошле пред неговата куќа и фрлале тврди предмети, при што го оштетиле неговото возило, а Б.Ѓ. влегол во дворот и ја нападнал неговата мајка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

17.09.2024 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега