Струмичанец прикривајќи данок го оштетил Буџетот за 18.134.613 денари

За вкупно 18.134.613 денари неплатен персонален данок СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.М.(37), управител на ДПТУ „Трго Мак-Пром-МБК“ ДООЕЛ Ново Село.

Како што соопшти полицијатам, Б.М.(37), освен за „даночно затајување“, доби пријава и за кривичното дело „фалсификување или уништување деловни книги“.

Пријавениот при работењето во „Трго Мак-Пром-МБК“ ДООЕЛ не пресметал и не платил данок на додадена вредност, а во книговодствената евиденција не ги евидентирал и фактурите за набавени цигари во текот на 2011 и 2012 година при што одбегнал да плати пероснален данок, оштетувајќи го државниот Буџет.

23.12.2013 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега