ЛДП: Јанкулоска да одговори за Пустец

 

 Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, упорно избегнува да и даде на јавноста одговори за горливите и отворени прашања. И по година дена се уште немаме целосна разрешница за грозоморното убиство кај Смилковското езеро.

Во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа, таа наместо да даде одговор за  проектот „Пустец“,  држеше лекции за избирачкото право и невешто се обидуваше да го толкува Изборниот законик.

Јанкуловска не одговори на суштинското прашање:кој дал наредба пред самите локални избори да се издадат лични карти на жители на Пустец. Кој  ја спроведуваше операцијата  на  фиктивно сместување на овие лица по 60-тина во еден стан, па дури и некои на напуштени ливади или пак, што е против Законот,  во станови на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Дали, како и за другите граѓани, и за лицата од Пустец е испочитувана во целост  процедурата  за добивање жителство и лична карта. Дали некој провери  во становите и куќите,  каде се посочените адреси,  кој и колку од нив живеат тука.

Дали е свесна министерката дека овие граѓани не само што не остваруваат одредени права, како што вели таа во интервјуто,  туку токму од неа се навредени, понижени, потценети ,  изманипулирани и измалтретирани.

 На непримерен и недостоинствен начин три пати едноподруго, дури и стари лица се носени со автобуси од Пустец во Центар, само  за да биде избран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Центар.

Скандалот „Пустец“  предизвика револт кај   жителите на Центар, и затоа не дозволија  некој друг,  со фалсификат да им бира градоначалник.

Не само што проектот беше разоткриен и осуден од  ЛДП и од другите опозициски партии, туку  беше нотиран како негативен пример  и во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори.  

Да ја потсетиме министерката, која сега од оваа позиција, може да ја  избегне одговорноста,  дека изборниот фалсификат е кривично дело кое не застарува, наредбодателот и  извршителите кога и да е,  ќе одговараат пред Законот. 

(Интегрален текст од прес конференција на Роза Топузевска Каревска, ЛДП)

најчитано сега