Експлозија во Кабул: Најмалку шест лица загинаа, 13 се повредени
Најмалку шест лица загинаа во експлозија во главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти тамошното МВР.
„Детали ќе бидат објавени подоцна“, изјави портпаролот на министерството Абдул Матин Каини за Ројтерс.
Тој додаде дека експлозијата се случила во југоисточната област Дарул Аман.
Портпаролот на полициската управа во Кабул, Калид Задран, потврди дека во нападот загинале шест лица, а 13 се ранети.
02.09.2024 - 19:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа