ДС предлага бесплатен јавен превоз со цел да се намали загаденоста
Исклучително лошите временски состојби, пред се маглата, како и енормното загадување на воздухот со издувни гасови од автомобилите, користењето на дрва за загревање, индустријата и слично, придонесоа за елементарна непогода која го зафати Скопје, Тетово и некои други градови во Македонија.
За намалување на загадувањето, Демократскиот сојуз предлага да се обезбеди бесплатен јавен превоз во градскиот сообраќај во Скопје и други градови, со што ќе се намали бројот на автомобили кои се користат за превоз.
ДС им препорачува на граѓаните да не ги користат автомобилите доколку за тоа немаат неопходна потреба.
ДС предлага да се разгледа можноста и оправданоста во услови на загрозување на здравјето на децата од загадениот воздух, да се прекине наставата во основните училишта додека трае загаденоста.
23.12.2013 - 10:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа