Врховниот суд потврди дека Мадуро победи на претседателските избори
Врховниот суд на Венецуела денеска потврди дека Николас Мадуро победил на претседателските избори одржани во земјата на 28 јули, наведувајќи дека резултатите од гласањето објавени на Интернет, според кои Мадуро изгубил, се фалсификувани.
Врховниот суд ја донесе денешната одлука како одговор на барањето на Мадуро да се преиспита вкупниот број на гласови дадени на претседателските избори на 28 јули, откако опозицијата ги објави записите од гласањето на интернет од 80 отсто од избирачките места, кои покажаа дека опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес победил со големо мнозинство.
Гонзалес не учествуваше во ревизијата на гласањето, изјавија судиите на Врховниот суд, кои го обвинија опозицискиот кандидат дека се обидува да шири паника.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа