Трагедија на одмор во Грција: Маж почина од каснување на отровен пајак
Еден обичен одмор во Грција се претвори во трагедија откако 48-годишен маж бил фатално каснат од отровен пајак.
Жртвата, која се наоѓала во Пиргос, на западот на земјата, првично не го забележала каснувањето, а симптомите се појавиле подоцна.
И покрај сите напори на медицинскиот персонал, мажот не успеал да преживее.
Според стручњаците, станува збор за каснување од кафеав медитерански осамен пајак, чиј отров е многу опасен и може да предизвика брзо влошување на здравјето.
09.08.2024 - 10:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа