Се сокриле од невремето под дрво во Германија: 8 лица повредени од гром, 3 деца се во животна опасност

 

Осум лица се повредени во удар на гром за време на силно невреме што денеска го погоди Делменхорст во Долна Саксонија во Германија, пренесува Билд.

Инцидентот се случил кога група возрасни и деца побарале засолниште од невремето под блиското дрво во паркот кое било погодено од гром.

Три деца меѓу повредените се во животна опасност.

Итниот повик дошол во 16 часот и 15 минути откако гром удрил во паркот „Графт“ во Делменхорст, а само неколку минути по повикот пристигнале првите спасувачи и им помогнале на повредените.

Момче (5) и девојче (14) биле реанимирани на лице место и со повреди опасни по живот префрлени во болница.

Во болницата каде што им била укажана лекарска помош се пренесени и мајката (38), нејзиниот сопруг (40), ќерките на две и девет години, дванаесетгодишниот син и 31-годишниот братучед.

22.07.2024 - 23:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега