ИСТРАЖУВАЊЕ: Македонците ја ценат Германија а во Турција гледаат најдобар пријател

Македонските граѓани најдобро мислење од аспект на глобална политика имаат за Германија, додека за најпријателска земја  ја сметаат Турција, покажуваат резултатите од истражувањето што деновиве теренски го спровеле Македонскиот центар за меѓународна соработка и институтот за демократија. 

Одговарајќи на прашањето од гледна точка на глобалната политика, без оглед на нејзиниот однос кон Македонија, за која земја во светот имате најдобро мислење,  14,5 отсто се изјасниле за Германија, по што следат САД со 11,2 отсто и Швајцарија со 9,7 отсто, Турција (6,9 %) и Албанија (4,5 %). 

Анкетата покажала дека добро мислење за ниту една земја немаат 7,1 отсто од граѓаните.

На прашањето која земја во светот е најпријателски наклонета кон Македонија, точно 16 отсто од испитаниците ја посочиле Турција, по што следат Србија  (12,2 отсто), САД (8,2 отсто), Германија (8,2  отсто) и Албанија (5,8  отсто).

Приближно исто е и расположението на граѓаните по однос на прашањето која земја во светот е најдобар сојузник на македонија, при што за Турција се изјасниле 14,6 отсто, следат Србија (11,6 %), САД (10,9 %), Германија (5,8 %) и Словенија (3,7 %).

Ставовите на граѓаните за најдобра земја, како и за најпријателска земја и за
најдобар сојузник на Македонија се релативно хомогени по основ на етничка припадност и партиско симпатизерство. 

Така на пример 11 отсто етнички Македонци и 11,3  отсто етнички
Албанци, како и 10,4  отсто од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и 11,5  отсто од тие на СДСМ, ги сметаат САД за најдобар сојузник на Македонија.

Разликите по етничка припадност и партиско симпатизерство не се значајни, можеби со исклучок на ставовите за Албанија, за која постојат разлики во ставовите по етничка линија меѓу етничките Македонци и Албанци.

Уште една разлика по етничка припадност заслужува внимание, а тоа разликата во ставот дека ниту една земја не е најпријателска земја и најдобар сојузник на Македонија, при што околу 20  отсто од етничките Македонци имаат таков
став, наспроти околу 10 отсто од етничките Албанци.

Испитувањето на јавното мислење направено преку теренска анкета во периодот 15ноември – 1 декември 2013 г на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници со +/- 3 % грешка. 

22.12.2013 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега