СДСМ: Владата падна на првиот тест, спората реакција во Неготино опустоши 1000 хектари

 

Задоцнета и ненавремена беше реакцијата на надлежните и Владата на Мицкоски за справување со пожарите во Неготино и регионот. Заради слабата координација и немарност, изгореа преку 1000 хектари зеленило и се донесоа во опасност преку 150 куќи. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше ефикасност, но само по првата криза се покажа дека не умеат да се носат со предизвиците. Цели два дена доцнеше механизација и прогалсувањето на кризна состојба, велат од СДСМ.

„Откако СДСМ вчера вечер алармираше, дури по три часа Владата се смогна да прогласи кризна состојба. Навремена и соодветна реакција ќе спасеше значителна површина на зеленило и немаше да се доведат во опсност викенд населбата Калањево. ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека со лажен ПР и постојани вести нема да ја покријат неспособноста на терен“, стои во соопштението во СДСМ.

15.07.2024 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега