Петровска: Во МВР поделени повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници
Пратничката од СДСМ, Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана денеска на нејзиниот фејсбук профил објави дека во рок од 7 дена во МВР „се поделени", под притисок и закани, како што напиша, повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници, дел од нив и на раководни позиции.
- Во Агенцијата за разузнавање се назначи заменик директорка, без законски потребното работно искуство. Се подготвуваат партиски послушници и во АНБ и Военото разузнавање. И Мицкоски најавува нова реформа на безбедносните служби и нивното спојување? Не, тоа ќе биде полициско партиска држава со концентрација на моќ кај некој нов Горан Грујовски, објави Петровска на фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа