Ајкула нападна 14-годишно момче во САД

 

Тинејџер (14) добил тешки повреди кога го каснала ајкула додека вежбал за време на тренинг-камп за спасувачи на Флорида.

Нападот се случил во близина на спасувачката кула, а тинејџерот вежбал влегување во водата, пренесува АП.

Поради степенот на повредите, тинејџерот бил итно пренесен во болница.

Нападот се случи само неколку дена по два одвоени инцидента на плажа во градот Њу Смирна Бич, кога 26-годишен маж беше каснат за нога од ајкула, а 21-годишен маж беше нападнат додека играше фудбал во плиткото.

09.07.2024 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега