Млад тетовчанец ќе одговара кривично - полицијата го фатила со марихуана

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(20) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 02.10.2023 во с.Одри, било паркирано патничко возило, кое го управувал 79-годишен тетовец, а совозач бил пријавениот, кој откако ги забележал полициските службеници, излегол од возилото и фрлил марихуана.  

08.07.2024 - 17:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега