Русите погодија болница во Украина: Зеленски збесна, па најави одмазда

 

Русија започна масовен напад врз градовите низ Украина. Погодена е детска болница во Киев.

Најмалку 29 цивили загинаа, соопштија украинските власти, пренесе Индекс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети одмазда по големиот бран руски ракетни напади врз Украина, при што загинаа најмалку 29 лица и е оштетена детската болница во Киев.

Украина ќе иницира состанок на Обединетите нации по нападот, рече тој.

Зеленски денеска изјави и дека Украина чека конкретни чекори од западните партнери за зајакнување на воздушната одбрана и заштита на нејзиниот енергетски сектор за време на самитот на НАТО оваа недела, пренесува Ројтерс. Се очекува Зеленски да отпатува за Вашингтон на самитот подоцна во текот на денот, откако ќе ја заврши посетата на Полска.

Рускиот напад беше извршен ширум Украина.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 30 од 38-те проектили лансирани од Русија за време на смртоносниот напад.

Руските сили употребиле крстосувачки, балистички, воздушни балистички и наведувани ракети во комбинираниот напад врз украинските градови, соопшти украинското воздухопловство.

Детската болница Охматдит, најголемата медицинска установа за деца во Украина, е сериозно оштетена во нападот.

08.07.2024 - 16:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега