Ќе се разгледува предлогот на Хамас за прекин на огнот, Нетанјаху свика состанок на безбедносниот кабинет
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе свика состанок на безбедносниот кабинет на кој ќе се разговара за предлогот на Хамас за можен прекин на огнот и договорот поврзан со заложниците, изјави денеска неименуван извор од кабинетот на премиерот на Израел.
Според истиот извор, пред состанокот на кабинетот, Нетанјаху ќе има консултации со неговиот преговарачки тим, пишува The Times of Israel.
Израел го проучува одговорот на Хамас на предлогот кој би вклучувал размена на заложници и прекин на огнот во Појасот Газа, објави вчера израелската разузнавачка и безбедносна агенција Мосад.
04.07.2024 - 11:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа