Неофицијално: Бобан Николовски ќе биде нов директор на Царинската Управа
Бобан Николовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово најверојатно ќе биде нов директор на Царинската управа неофицијално дознава „Фокус“.
Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Стефан Богоев, кој со Царина управуваше повеќе од една година.
Николовски пред две години е избран за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. Тој на последните парламентарни избори беше избран и за пратеник во Собранието со мандат од 2024-2028 година.
28.06.2024 - 14:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа