Мицкоски се сретна со Гир: Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности

 

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир.

На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на државата кон интеграцијата во Европската унија.

Претседателот Мицкоски ја истакна важноста на поддршката од Европската унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности.

Амбасадорот Гир ја потврди посветеноста на Европската унија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.

Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.

27.06.2024 - 16:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега