Филипче: Јас не верувам во наметнати политики

 

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, на вчерашните средби со граѓаните во Кочани и Струмица истакна дека СДСМ мора да го искористи сиот потенцијал на членството на партијата и дека секој треба да биде слушнат, бидејќи секоја идеја е важна. Како иден претседател на СДСМ, Филипче истакна дека ќе се залага на систем  на размена на идеја на мислења на комуникација, и тоа ќе биде начин на работа на новото раководство на СДСМ.

„Најважно од се е другарството, најважна од се е релацијата, отвореноста, достапноста. Не може некој да не се јавува или да не комуницира поради тоа што во моментот извршува некаква функција. Ако јас бидам претседател секогаш ќе ви бидам достапен. Јас така знам да функционирам. Таков сум бил како доктор, така сум бил како министер и така мислам тоа е една од работите зошто се нафаќам да се кандидирам на оваа функција. Затоа што сметам дека тој систем може да се имплементира и тука во партијата“-истакна Филипче.

Кандидатот за претседател на СДСМ, Филипче потенцираше дека тој не верува во наметнати политики, кои ќе ги смислува раководството во Скопје, бидејќи тоа создава револт кај членството.

27.06.2024 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега