Новогодишниот инает на Жерновски граѓните ќе ги чини стотици илјади евра

 
На само 50 метри од централната прослава на Нова Година на плоштадот во СКопје,  градоначлникот на општниа Центар, Андреј Жерновски се реши да направи своја, паралелна прослава на Нова Година која според проценките, граѓаните ќе ги чини и до 100.000 евра.
 
 
Иако општина Центар ги крие сумите кои планира да ги потроши за 4 дневниот настан, хрватските медиуми пишуваат дека само настапот на „Прљаво казалиште“ граѓаните на Центар ќе го платат 30.000 евра, а според проценките, целиот настан со пропратната опрема може да достигне сума од стотици илјади евра.
 
Со ваквиот потег на Жерновски сите тврдења дека нема пари за реконструкција на училишта и градинки и дека општинската каса е празна паѓаат во вода. Тој само пред неколку месеци се жалеше дека нема пари да ги плати учителките за целодневна наставна во основите училишта во Центар, а денес организира скапи и непотребни новогодишни прослави.
 
Интерсно е што прославата  на Нова Година  на плоштадот Македонија се организира традиционално 15 год и оваа традиција ја почитувале и Ристо Пенов и Труфун Костовски и Коце Трајановски. Оттука, овој преседан на Жерновски значи и удар на традиционалната прослава во Центар и Градот Скопје.
 
 Ова е прв пат Општина Центар да органзира паралелна прослава на нова Година, а уште позачудувачки е што овој настан ќе го одржи на Сквер Јадран кој е практично на Плоштадот. Оттука, граѓаните со право коментираат дека во Центар за Нова Година ќе биде хаос, бидејќи на 50 метри ќе има поставено 2 бини на кои ќе има 2 паралелни концерти, па под знак прашање е која музика ќе се слуша.
 
Останува нејасно зошто градоначалникот Андреј Жерновски не понудил заеднички да учествува  во традиционалната прослава или не го направил настанот во некој друг дел  на општина Центар кај што досега не била органзирана ваква прослава. Очигледно  кај Жерновски била посилна желбата наместо со прослава да се занимава со политика и поделби на самата новогодишна вечер. 
   
Оваа сума на пари којашто Жерновски ќе ја потроши воопшто не е за занемарување.  Општина Центар можеше овие средства  да ги искористи за обезбедување на целодневна настава во основите училишта во центар, за изградба на нови паркови, детски игралишта или асфалтирање на  улици.
21.12.2013 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега