Петровска: Со исправни, демократски политики, со чесни и докажани луѓе ќе го вратиме СДСМ на вистинскиот пат

 

Синоќа во Штип, кандидатиката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска пред членовите ја претстави својата програма за работа. 

Петровска пред присутните порача дека СДСМ мора да продолжи да биде државотворна партија и ги повика сите членови во недела да гласаат за бројот 4. 

„СДСМ е голема, државничка партија која носела храбри одлуки во интерес на државата, без да калкулира со сопствениот рејтинг. Тоа е одговорност пред нашите граѓани и вредност што треба да продолжиме да ја негуваме. Со исправни, демократски политики, со чесни и докажани луѓе ќе го вратиме СДСМ на вистинскиот пат. 

Затоа, другари и другарки социјалдемократи, ве повикувам во недела да заокружите број 4! 
Заедно да постигнеме повеќе!„ порача Петровска во Штип.

26.06.2024 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега