Фон дер Лајер: Честитки до Молдавија и Украина, ама патот ќе биде тежок

 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека Европската унија официјално ги започна пристапните преговори со Украина и Молдавија.

„Им честитам на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори. Ова е многу добра вест за народот на Украина, Молдавија и целата Европска унија. Патот пред нас ќе биде тежок, но полн со можности“, напиша Лајен на мрежата Х.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека е историски ден кога Украина преминува на вистински преговори со Европската унија за членство.

25.06.2024 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега