„Гугл“ го поздрави почетокот на зимата
Гугл реши да го одбележи првиот ден на зимата со интересна анимација на плетење.
Астрономиски, зимскиот солстициј е моментот кога Сонцето се наоѓа на најголема аголна оддалеченост од Еквадорот, што се случува меѓу доцна попладне на 21 декември и раните утрински часови на 22 декември.
Годинава солстициот ќе биде денеска во 18 часот и 11 минути, кога и официјално ќе почне зимата.
Денеска е и најкраткиот ден во годината, па затоа се нарекува и краткоденица.
21.12.2013 - 12:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа