Тешка кражба во Тетово: Се натовариле со 60 часовници и исчезнале

Засега непознати крадци опустошиле продавница за часовници во Тетово, збогатувајќи се за 108 илјади денари.

Според информациите од полицијата, крадците направиле отвор на ѕидот од продавницата, ја отвориле вратата и од работната маса украле 60 разни марки на часовници вредни 108.000 денари. Кражбата на продавницата се случила ноќта меѓу четвртокот и петокот.

Полицијата извршила увид на местото, подигнала траги за вештачење и работи на откривање на сторителите.

21.12.2013 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега