Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди Венецуела

 

Венецуела денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се случил рано утринава, по средноевропско време, на длабочина од 84 километри, се наведува на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 41 километар северозападно од градот Гуирија и 82 километри североисточно од градот Карупано.

Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.

23.06.2024 - 10:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега