Зголемена синдикалната минимална кошница за јуни

 

Вредноста на синдикалната минимална кошница (СМК) за јуни изнесува 60.325 денари и е зголемена за 235 денари споредено со синдикалната минимална кошница за минатиот месец кога изнесуваше 60.090. Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни изнесува 75.700 денари.  Вредноста на СМК за јуни 2024 година  во однос на јануари годинава кога изнесуваше 57.163  денари зголемена е за 3.162  денари односно за 5,5 проценти.

За храна и пијалоци синдикалата кошница во јуни годинава изнесува 21.952 денари што е 36,4 проценти од вкупната СМК и во споредба со јануари кога изнесуваше 21.007 денари зголемена е за 945 денари.  За образование  со синдикалната кошница за јуни се предвидени 7.022  денари (11,2 проценти), за станарина, вода, електрична енергија и греење  6.014 денари (10 проценти), за облека и обувки 4.962 (8,2 проценти), транспорт 4.871 (8,1 проценти), рекреација и култура 4.378 (7,3 проценти), ресторани и хотели 3.890 денари (6,4 проценти),  лична хигиена и оддржување на хигиена 1827 денари,  здравје 1069 денари (1,8 проценти) и за останати стоки и услуги 1100 денари (1,8 проценти).

20.06.2024 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега