Собранието ги утврди предлог-одлуките за бројот на потпретседатели и за основање на постојани работни тела
Собранието на денешната трета седница ги утврди предлог-одлуките за бројот на потпретседатели и за основање на постојани работни тела.
Одлуката за утврдувањето на бројот на потпретседатели на Собранието гласаа 84 пратеници. Собранието има пет потпретседатели.
Деведесет и еден пратеник гласаа „за“ утврдување на одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Северна Македонија, односно формирање на собраниските комисии - Комисијата за уставни прашања; Законодавно-правната комисија; Комисијата одбрана и безбедност; Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците; Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија; Комисијата за европски прашања; Комисијата за европски прашања; Комисијата за прашања на изборите и именувањата; Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на грашанинот; Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање; Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите; Комисијата за финансирање и буџет; Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика; Комисијата за земјоделство, шумартсво и водостопанство; Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање; Комисијата за образование, наука и спорт; Комисијата за култура и туризам; Комисијата за здравство; Комисијата за социјална политика, демографија и млади; Комисијата за локална самоуправа; Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за деловнички и манднатно-имунитетни прашања.
По гласањето на првата точка, пратениците од „Европскиот фронт“ ја напуштија собраниската сала.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа